Lifestyle

ТУРИСТИТЕ ДАВАЛЕ ОЦЕНИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ПАТИШТАТА, КАДЕ СЕ НАОЃА МАКЕДОНИЈА!

08.12.2024

Според анкетата на возачите-туристи, Нов Зеланд е на прво место со најдобар квалитет на патиштата со оцена 8,71 од 10. Популарната страница Дискавер карс спроведе ново истражување за квалитетот на патиштата во дел од земјите во светот. Во оваа анкета учествувале 11.003 возачи, кои биле на годишни одмори во посочените земји, а кои одговарале на прашања за квалитетот на сообраќајниците.

На второ место е Полска со оцена 8,70, трети се Канарските Острови во Шпанија (оцена 8,61). На четврто место со најдобри патишта е Германија со оцена од 8,45. Следат Балеарските Остови во Шпанија со оцена 8,44. Франција е на шесто место со оцена 8,40. Седма е Хрватска со 8,39, а на осмо место е Шпанија со оцена 8,37, деветта е Португалија со 8,32 за патиштата на приморјето и на 10 место е Австралија со оцена 8,24.

Најмала оцена за квалитетот на патиштата, според анкетата на туристите-возачи,  доби Сицилија со оцена 6,55. Малта доби оцена од 6,56 поради тесните сообраќајници и на трето место со најниска оцена е Македонија со оцена 6,60 , а туристите не се задоволни од „лошата состојба и дупките на патиштата“. По нашата земја со послаба оцена е Бугарија (6,70) и Албанија (6,89), пренесува Н1.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано