Lifestyle
ВО КОЈА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ДОМАЌИНСТВАТА НАЈМНОГУ ЧУВААТ КУЧИЊА?
09.12.2024
Унгарија се наоѓа на врвот на листата во земјите од Европа според бројот на домаќинствата кои имаат барем едно куче. Во оваа земја 50 отсто од домаќинствата чуваат куче како домашно милениче. Следат Полска со 49 отсто и Романија со 45 отсто, што покажува дека жителите на овие земји се љубители на кучиња, а голем процент од домаќинствата уживаат во друштвото на овие лојални четириножни пријатели.
Турција има најмал процент на домаќинства со кучиња во Европа – само 5%. Во скандинавските земји, како Шведска и Финска, процентот на домаќинства со кучиња е околу 15%, што укажува на различен однос кон кучињата во споредба со јужна Европа. Интересно е што земјите како Ирска (25%) и Велика Британија (33%) исто така имаат висок процент на домаќинства со кучиња.
Во Хрватска 29 отсто од домаќинствата имаат куче, што е во согласност со просечните европски трендови, пренесува „Индекс.хр“
Земјите со најголем процент на домаќинства со кучиња се: Унгарија со 50% од домаќинствата кои имаат куче, Полска со 49%, Романија со 45%, Португалија со 39% и Италија со 28% .
фото freepic