Lifestyle
АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА, НО НЕ И ОД ПЛАТИТЕ!
11.12.2024
Половина од вработените лица во Америка велат дека се исклучително или многу задоволни од својата работа, а 38 отсто од нив се чуствуваат „просечно задоволно“, додека 12 отсто велат дека се задоволни од работата, се наведува во новиот извештај на невладината организација Pew Research Center, која спроведе анкета на повеќе од 5.000 лица во САД.
Анкетираните граѓани имале над 50 години и заработуваат средни приходи или се самовработени. Испитаниците изјавиле дека се чуствуваат „посреќно од просечниот работник“.
Лицата кои се самовработени се најзадоволни од односот на своите соработници, со менаџерите и патувањето на работа. Работниците се незадоволни од недостиг на работа на далечина и од ниските плати, која не ги следи трошоците на животот (околу 80 отсто од испитаниците). Испитаниците искажале и незадоволство што не се доволно платени за квалитетот или за обемот на работата што ја извршуваат, дека не заработуваат доволно да ги покријат трошоците (54 отсто) или се платени помалку од колегите кои извршуваат исти работни обврски.
Околу 38 отсто изјавиле дека се незадоволни од можностите за напредување на работното место.
Општата оцена е дека работниците во САД се помалку задоволни од својата работа во однос на 2023 година, а процентот на луѓето кои се изјасниле дека се многу задоволни се намалил од три до седум процентни поени, пренесува Б92.
фото freepic