Финансии / Банкарство
ВРЕДНОСТА НА БРИТАНСКАТА ФУНТА НА НАЈВИСОКО НИВО ВО ОДНОС НА ЕВРОТО
11.12.2024
Вредноста на британската фунта го достигна осумгодишниот максимум во однос на еврото, поради подобрите економски индикатори на Велика Британија споредено со земјите од еврозоната.
Британската фунта на денешното тргување се продаваше за 1,2134 евра. Двете главни економии во еврозоната, Германија и Франција, се соочуваат со политичка криза кои негативно влијаат на побарувачката во овие земји, пренесува Скај њуз.
Експертите очекуваат Европската централна банка утре да ја намали референтната каматна стапка за да ја засили економската активност во еврозоната, но ќе влијае дополнително на слабеењето на еврото.
Банката на Англија најверојатно нема да ја намалува камататната стапка, затоа што инфлацијата e поотпорна во Велика Британија, пренесува „Политика“.
фото freepic