Lifestyle
МЛАДИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ОСАМЕНИ ОД СТАРИТЕ ЛИЦА!
11.12.2024
Младите лица во Германија имаат поголема веројатност да се чуствуваат осамено отколку постарите луѓе. Повеќе од две третини од испитаниците на возраст од 18 до 39 година, околу 68 отсто изјавиле дека често, понекогаш или ретко се осамени.
Кај повозрасните испитаници на возраст над 40 години оваа „појава“ е присутна само кај 50 отсто од луѓето, покажало истражувањето на осигурителното друштво Tehniker Krankenkasse (ТК).
Помладите лица од 40 години не само што се подложни на осаменост, туку тие повеќе се чуствуваат и повредено.
Мажите поретко зборуваат за својата осаменост од жените, Додека 40 отсто од жените секогаш или понекогаш зборуваат за нивната ментална состојба, само 22 отсто од мажите говорат за својата осаменост. Една третина од мажите и една петина од жените целосно ја кријат својата осаменост. Ова истражување било спроведено во анкета на 1.400 возразни лица, пренесува „Свијет.хр“.
фото freepic