Lifestyle

РАЗРЕШЕНО ГЛАВНОТО ПРАШАЊЕ НА ВОЗАЧИТЕ ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА БАТЕРИИТЕ ВО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ

Истражувањата кои се базирани на вистински податоци за електричните автомобили покажуваат дека батериите траат подолго од претходните очекувани процени.  Времетраењето на батериите е  еден од поважните фактори за одлуката на возачите да купат електричните возила, чија вредност значително се намалува доколку се продава со „испразнета“ батерија. Тие се и најскапиот дел кај е-возилата и главното прашање за потенцијалните купувачи е колку често треба да се менуваат батериите и колку чини нивната замена?

Консултантската компанија P3 специјализирана за електрична мобилност спроведе сеопфатна студија за да „расветли“ дел од митот за животниот век на батериите. Во истражувањето се фокусирале на степенот на деградација на батериите во електричните автомобили во текот на времето и експлоатациониот период, а притоа биле следени и надворешните услови и друго.

Во анализата биле опфатени возилата со поминати 300.000 километри, а таа покажува дека во првите изминати 30.000 километри  капацитетот на батеријата релативно брзо се намалува од 100 отсто на околу 95 отсто. Меѓутоа, со зголемувањето на километражата  деградацијата на батериите се намалува, односно на поминати 100.000 километри батеријата „испразнила“ на ниво од 90 отсто. Меѓу 200 и 300 илјади километри линијата на „струја“ е во една рамна линија, а капацитетот е на 87 отсто. Конечниот заклучок од истражувањето е дека батериите на електирчните автомобили траат подолго  од очекуваниот период. Вистинскиот капацитет на батериите во реални услови се одржува подолго од тоа што се претпоставуваше, посебно кај возилата со голема помината километража, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано