Lifestyle

БУГАРИЈА СО НАЈМАЛКУ Е-ВОЗИЛА ВО ЕУ

Во 2023 година во Европската Унија се регистрирани 10,7 милиони нови патнички автомобили. Меѓу нив, најголемо учество имаат автомобилите на бензин (34,5 отсто), потоа хибридните возила (21,1 отсто), електричните (14,5 отсто) и дизел автомобилите (14,3 отсто).

Комбинираното учество на сите хибридни и електрични возила во 2023 година во ЕУ се изедначи со учеството на автомобилите на бензин и дизел (48,3 наспроти 48,8 проценти), објави Евростат.

Минатата година во девет земји на ЕУ, учеството  на хибридни и електрични патнички автомобили во новите регистрации надмина 50 отсто.

Најголемо учество е забележано во Финска (78 отсто), со 44 отсто хибридни и 34 отсто електрични, Шведска (69 отсто), со 30 отсто хибридни и 39 отсто електрични и Холандија (68 отсто), со 37 отсто хибридни и 31 отсто електрични автомобили.

Најмало учество на е-автомобилите има Бугарија со седум отсто, потоа Чешка со 20 отсто и Хрватска со 28 отсто.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано