Финансии / Банкарство
ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕ ЗА ИЗБОР НА МОТИВ НА БАНКНОТАТА ОД 1.000 РУБЉИ
14.12.2024
Граѓаните на Русија имаат можност преку онлајн гласање да предлагаат мотиви кои би се нашле на банкнотата од 1.000 рубљи. Гласањето за новиот дизајн на задната страна од оваа банкнота започна на 29 ноември и ќе заврши викендов, а свои предлози дале околу 400.000 граѓани, меѓу нив и гувернерката на Централната банка на Русија, пренесува РИА Новости.
Според пристигнатите предлози, најпопуларниот мотив е брзиот патнички хидроглисер „Метеор“.
Според последниот курс на валутната берза Форекс, 1.000 рубљи се разменуваат за околу девет евра, пренесува „Блиц“.
фото freepic