Lifestyle
ВО ОДГЛЕДУВАЊЕТО КОЊИ ВО ЕУ СЕ „ВРТАТ“ 100 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!
15.12.2024
Секторот за одгледување на коњи во Европската Унија остварува годишна вредност од околу 100 милијарди евра и создава околу 800 илјади работни места, покажуваат процените на „European Horse Network“. Други истражување во Германија укажуваат дека вкупните годишни трошоци во секторот на одгледување на коњи изнесуваат околу 2,6 милијарди евра, додека вкупниот промет во оваа „индустрија“ се движи меѓу пет и шест милијарди евра.
Во Германија одгледување на ергела од три до четири грла коњи креира едно работно место. Одгледувањето на коњи во Австрија генерира вредност од 1,19 до 1,26 милијарди евра и додадена вредност од 650 милиони евра. Во Австрија секторот за одгледувањето на коњи вработува околу 15.000 работни места, односно три до четири коњи отвораат едно работно место.
Во Ирска учеството на овој сектор во вкупната економија на годишно ниво е околу 700 милиони евра и има околу 12.500 работни места. Во Шведска 9.500 лица се вработени во овој сектор, односно 10 коњи генерираат едно работно место.
Бројот на коњи на илјада жители во Хрватска изнесува околу 6,1 и овој однос е меѓу најниските во Европската Унија. Во некои од земјите во ЕУ овој однос е 30 коњи на илјада жители, додека европскиот просек е околу 15 коњи на 1.000 жители, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic