Lifestyle

МИНАТОТО ЛЕТО БЕШЕ ТОПЛО, НО ВО 2025 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПОТОПЛО!

15.12.2024

Следната 2025 година ќе биде трета најтопла година на светот, веднаш по 2024 и 2023 година, кои се двете најтопли години откако се мери температурата. Според податоците на британската Метеоролошка служба, 2025 година ќе биде најмалку за 1,29 степени потопла од пред индустрискиот период. Но можно е температурата да се зголеми до 1,4 степени, пишува „Sky News“. 

Британските научници предвидуваат дека 2025 година ќе биде многу топла година, иако бурата Ел Нињо придонесе за пораст на температурата во 2023 и 2024 година.

Метеорологот Адам Скеиф објаснува дека Ел Нињо привремено ги зголеми глобалните температури, но климатските промени продолжуваат да влијаат на глобалната температура. Исто така, се истражуваат и другите фактори кои би можеле да придонесат за порастот на температурата, како што се ерупција на вулканите, пренесува Радио 021.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО