Lifestyle
КОИ РАБОТНИЦИТЕ СЕ ПОЗАДОВОЛНИ ОД РАМНОТЕЖАТА МЕЃУ РАБОТАТА И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ?
24.12.2024
Луѓето од „Глобалниот Југ“ се позадоволни од рамнотежата меѓу работата и приватниот живот отколку граѓаните од земјите во Европската Унија, покажува студијата која ја спроведе „Амроп“, водечка глобална консултантска фирма за лидерство.
Во истражувањето учествувале 8.000 лица од Германија, Франција, Полска, Велика Британија, САД, Кина, Индија и Бразил. Под терминот „Гобален Југ“ се опфатени економиите во развој.
Помалку од 50 отсто учесниците во истражувањето од Германија, Франција и Полска се изјасниле како „задоволни“, додека во Индија се забележани 73,3 отсто, а во САД 59,9 отсто.
Според студијата, САД на глобално ниво е најатрактивната дестинација за работа (со задоволство од 33 отсто), благодарение на силниот пазар на труд, повисоките плати и раширената индустрија. Германија е на второ место (со 22 отсто), додека Канада и Велика Британија се на трето место (со 21 отсто), пишува „Еуроњуз“.
Луѓето од земјите од „Глобалниот Југ“ имаат поголеми интересирања за лидерските улоги. Околу 76 отсто од испитаниците од Индија и 66 отсто од Бразил тежнеат кон лидерски или претприемачки позиции, додека во Германија и Франција овој процент изнесува 36 отсто односно 37 отсто, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic