Lifestyle
ПОРТУГАЛИЈА ПУШТА ВО ОПТЕК МОНЕТА ОД СЕДУМ ЕВРА!
30.12.2024
Португалија најави дека ќе пушти нова монета од седум евра која е посветена во чест на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, кој го носеше репрезентативниот дрес со бројот седум. Португалскиот фудбалер постигна 130 голови за националниот тим и е на врвот на листата на најдобрите стрелци на УЕФА.
Португалската централна банка најави дека ќе ја пушти новата монета во ограничени количини од 25.000 парчиња.
Реалната вредност на паричката е 7,50 евра, но веќе ја постигна пазарната вредност од 12,50 евра, пренесува „Пословни дневник“.