Општество

Дрекслер: Освен политичките и економските врски, останува да се прошират и културните врски меѓу Германија и Северна Македонија

Што очекувате од 2025г.

Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2024г.

„Две илјади дваесет и петта година за многу луѓе во Германија, а и за мене лично ќе биде посебна година: заедно со 38 саксонски општини, Кемниц ќе биде европска престолнина на културата! Со тоа и Рудните Планини, мојата татковина, ќе бидат во центарот на вниманието во Европа во следните дванаесет месеци. Со Кемниц имаме регион во кој традицијата живее пркосејќи им на сите пресврти.
Синтезата од континуитет и иновација бара подготвеност за секогаш одново пронаоѓање. Силата и истрајноста што се потребни за тоа, вредат. Зацврстувањето во традицијата со истовремена отвореност за новото ја јакнат заедничката свест за обединета Европа, навнатре и нанадвор. Тоа ќе го покаже престолнината на културата Кемниц! Можеби тоа е веќе најава за 2028 година, кога Скопје ја презема штафетата како европска престолнина на културата. Дотогаш, освен политичките и економските врски, останува да се прошират и културните врски меѓу Германија и Северна Македонија“.

ПРЕПОРАЧАНО