Lifestyle

ЈУЖНА КОРЕЈА Е ВО „НАЦИОНАЛНА ДЕМОГРАФСКА КРИЗА“, растечки тренд на продажбата на колички за домашни миленичиња

14.01.2025

Јужна Кореја се соочува со големи промени во демографската слика и со најниска стапка на фертилитет во светот. Стапката на фертилитет во оваа земја во 2023 година се намали на 0,72, што е под потребниот минимум од 2,1  за опстојување на  населението. Демографите се  загрижени од тоа  што во последните години се повеќе семејства се одлучуваат за чување на домашни миленичиња.  

Овој тренд доведе до тоа продажбата на колички за кучиња во 2023 година да ја надмине продажбата на колички за деца. Бројот на домаќинствата со домашни миленичиња во Јужна Кореја се зголеми од 3,5 милиони на шест милиони во 2023 година. Овој раст е проследен и со зголемување на продажбата на производи за домашни миленичиња, додека во исто време се помалку млади лица се одлучуваат за брак и деца.

За многу млади лица домашните миленичиња даваат емоционална поддршка без финансики и општествен притисок  што произлегува од родителството. Поради тоа кучињата во Јужна Кореја станаа општествен симбол  за искажување на „вредностите“.

Претседателот на Јужна Кореја Јун Јук Јол ваквата состојба во земјата ја опиша како „национална демографска криза“, пренесе „Блиц“.  


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО