Lifestyle

БАНКАРСКА СЛУЖБЕНИЧКА КРАДЕЛА ОД ЗЛАТОТО ОД СЕФОВИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ!

Јапонската полиција уапсила поранешна работничка на позната банка поради наводна кражба на златни прачки од сефовите на клиентите. Полициски извори за агенцијата „Кјодо“  изјавиле дека е осомничена жена на возраст од 46 години, која се товари за кражба на 20 килограми златни прачки во вредност од околу 260 милиони јени (1,6 милиони долари). Златните прачки биле депонирани во банкарските сефови од клиенти во филијалата на банката во Токио.

Полицијата се сомнева дека поранешната вработена  која била задолжена за управување со сефовите во банката, користела резервен клуч. Златото, според извори на полицијата, го продавала и парите ги користела за инвестиции.

Според наводите од банката, жената се сомничи дека украла вредни предмети од околу 60 клиенти во период од четири години до октомври 2024 година. Таа ја признала вината и во ноември лани и била отпуштена од работа. Против неа е поднесена тужба за извршената кражба, пренесува „Политика“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано