Lifestyle

ПРИ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА БРИСАЧИТЕ, НЕ ГО ПРАВЕТЕ ОВА!

17.01.2025

Навиките на некои возачи да ги подигнуваат брисачите на ветробранското стакло во зимските денови и кога паѓа снег  може да ги чини скапо. Штетата  што може да настане од овој „трик“ на возачите може да изнесува неколку стотици евра во зависност од типот на возилото.

Конструкторите на автомобили ги дизајнирале брисачите да го поднесуваат притисокот само во една насока - од предната страна на ветробранското стакло. Без потпорната површина на стаклото по само една студена и ветровита ноќ механизмот на брисачите може да претрпи значајни оштетувања на запчаникот што ги држи брисачите да бидат „статични“.

Првите знаци на оштетеност се јавуваат по неколку дена кога во текот на возењето брисачите удираат во стаклото или се движат неконтролирано.

Експертите препорачуваат во зимските студени денови ветробранското стакло да се покрива со заштитна навлака, церада, со стар тепих  или ќебе. На овој начин најдобро ќе се заштити механизмот на брисачите и стаклото од мраз и снег.

Во случај да се замрзнат брисачите треба да се почека неколку минути возилото да работи и да се загрее минимум 10 минути.

Може да се користи средство за одмрзнувае на ветробранското стакло. Нежно да се одвојат брисачите од стаклото и да се провери дали брисачите можат да се поместуваат горе-доле, пренесува „Дневник“.  


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано