Lifestyle

ВО ЈАПОНИЈА ВО 2720 ГОДИНА ЌЕ ИМА САМО ЕДНО ДЕТЕ ПОД 14 ГОДИНИ!

18.01.2025

Доколку продолжи сегашното демографско темпо на намалување на населението за 695 години во Јапонија ќе живее само едно дете кое ќе има помалку од 14 години. Оваа демографска  проекција  до 5 јануари 2720 година ја направил Хироши Јошида, професор во Истражувачкиот центар  за економија и општетсво на стари лица во Универзитетот Тохоку, пишува јапонскиот сајт Јапонорама.

Професорот Јошида направил електронски бројач кој дава прецизни процени за наталитетот, а својата прогноза ја објавува секоја година од 2012 година. Математичките проекции за бројот на населението во Јапонија ги прави врз основа на демографските трендови, а тие се сега изразито негативни. Една Јапонка во просек раѓа по  1,2 дете, што значи дека популацијата на годишно ниво се намалува за 0,50 отсто. За Јапонија важи дека се стара нација со просечна старост од 49,8 години.

Во Јапонија сега живеат 123 милиони жители и учествуваат со 1,5 отсто од светската популација. Јапонските власти вложуваат во поттикнување на раѓањето деца, пренесува „Бизнис и финансии“.  


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО