Lifestyle

МЕМОАРИТЕ НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ СО ДОБРА ПРОДАЖБА ВО ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ

19.01.2025

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел постигнува добра продажба два месеца по нејзиното објавување за читателите. Неделната продажба на книгата со наслов „Слобода: Мемоари 1954.-2012“,  се движи околу 12.000 примероци.

Во книгата на 736 страници Меркел дава свои размислувања за нејзиниот живот и за 16 години од извршувањето на важната државна функција во Германија.

Нејзините мемоари се преведени на англиски и на други јазици. Книгата се продава за 42 евра.

Една третина од читателите се лица помлади од 40 години, изјавија издавачите. До Божиќ во Германија биле продадени 600.000 примероци, 40.000 се продадени во Велика Британија, а 25.000 во САД. Книгата има најдобра продажба и во Холандија, Италија и во Скандинавија, пренесува „Сеебиз“.


 

Фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО