Lifestyle

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА ПИЈАНИТЕ ВОЗАЧИ

Со новиот Закон за сообраќај во Грција, кој е ставен на јавна расправа  до 24 јануари, се воведуваат строги санкции за прекршоци поврзани со тешки сообраќајни несреќи. Посебно внимание се посветува на возењето под дејство на алкохол, кое е меѓу водечките причини за сообраќајни несреќи со смртни последици.

Возачите со концентрација на алкохол во крвта од 0,50 до 0,80 промили  се соочуваат со казна од 150 евра и 20 дена одземање на возачката дозвола. Дозволата се враќа само по истекот на тој рок и со доказ за плаќање на глобата.

За концентрација на алкохол од 0,80 промили до 1,10 казната е 700 евра, а возачката дозвола се одзема  на 90 дена.

Доколку концентрацијата на алкохол надмине 1,10 промили казната достигнува 1.200 евра, а возачката дозвола се одзема на 180 дена. Покрај тоа, возачот може да биде осуден на затворска казна од минимум два месеци, додека возилото се отстранува од сообраќај за период од 10 дена до 6 месеци.

Повторените прекршувања носат уште построги санкции. Доколку возачот во рок од една година вторпат биде фатен како вози под дејство на алкохол, казната е 1.000 евра, а дозволата му се одзема на 180 дена.

Во сите горенаведени случаи, возилото задолжително ќе биде одземено и однесено на посебен паркинг. Со овие мерки Грција сака да го намали бројот на несреќи предизвикани од возење под дејство на алкохол и да ја зголеми безбедноста на патиштата, пренесува „Блиц“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано