Lifestyle
ПОСКАПЕА ДОЗВОЛИТЕ ЗА ИСКАЧУВАЊЕ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ
23.01.2025
Непал одлучи да ги зголеми таксите за дозволите за искачување на Монт Еверест, што го прави највисокиот врв на светот поскап за алпинистите.
Дозволата за искачување на Монт Еверест (висок 8.849 метри), сега ќе чини 15.000 долари, што е за 36 отсто повеќе од претходната цена од 11.000 долари, која важеше речиси една деценија, објави Ројтерс.
- Надоместокот за дозволата не беше ревидиран долго време. Сега направивме корекција на цената, рече Нарајан Прасад Регми, генерален директор на Одделот за туризам.
Новата цена ќе стапи на сила во септември и ќе важи за сезоната во април и мај, како и за стандардната рута на југоисточната страна на планината.
Надоместокот за помалку популарните сезони од септември до ноември сега ќе биде 7.500 долари, а за искачувањето во ретко посетената сезона, од декември до февруари, планинарите во иднина ќе треба да издвојат 3.750 долари. Дополнително, дозволите за искачување, кои претходно важеа 75 дена, сега ќе бидат ограничени на 55 дена.
Секоја година се издаваат околу 300 дозволи за искачување на Еверест.
фото freepic