Lifestyle
ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА Е ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ, НО ДАЛИ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ?
23.01.2025
Вештачката интелегенција го менува начинот на работењето во туризмот и на начинот на кој технолошки образованите патници го планираат своите патувања. Вештачката интелегенција помага во брзата обработка на многу информации и податоци за одредена дестинација и значително ги подобрува корисничките услуги, заштедува време и пари при изборот на дестинацијата, пишува „Еуроњуз“.
Предноста на ВИ се состои во тоа што може многу полесно да даде препораки за патникот преку персонализацијата на прашањата за одредени дестинации. На пример, потенцијалните туристи можат да поставуваат конкретни прашања, како на пример: Како може да се патува до Лондон за помалку од 300 евра во одреден период од годината?
Со помош на вештачката интелегенција може да се праша и кое е најдоброто време да се патува во некое место во светот. Како и податоци за сместување и патување.
Меѓутоа, вештачката интелегенција има и слаби страни, кога станува збор за користење во туристичките патувања. Тие не можат да го заменат интуитивните решенија кои ги даваат туристичките агенции и агенти. Има случаи кога ВИ дава и предлози да се посетат некои неважни места во одредено туристичко место. На социјалните медиуми се пренесува предлогот од ВИ за тоа при патување во Отава да се посети локална банка за храна.
Така, вештачката интелегенција може да понуди идеи за некое патување, но не и да понуди конкретни совети како што тоа го прават туристичките агенти или водичи. Нејзината помош се состои во претставување на најдобри цени за хотели или за авионски летови. Но кога треба да се понудат автентични искуства, тогаш човечкиот фактор е незаменлив, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic