Lifestyle
ВО ОВАА ЗЕМЈА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ВОЗЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД ЗАРАБОТУВААТ ДО 810 ЕВРА, но има еден услов
24.01.2025
Работниците во Белгија кои доаѓаат на работното место со велосипед добиваат надомест од 0,28 евра за секој поминат километар. Минатата година еден од шест белгиски работници се возел со велосипед на своето работно место и за тоа добил и соодветна „награда“. Некои од нив годишно заработиле до 810 евра.
Во просек секој работник-велосипедист во 2024 година добил по 460 евра, односно 38 евра месечно. Оваа сума е за 20 отсто повисока од 2023 година.
Вкупната сума на оваа „еко“ субвенција што ја добива секој велосипедист зависи од неколку фактори, а главно од оддалеченоста од работното место и надоместот што го дава компанијата.
Истражувањата покажале дека еден од четворица работници (26 отсто) кој живее до пет километри од работното место возел велосипед.
Луѓето кои до работата патуваат со велосипед најмалку два пати неделно заработуваат околу 300 евра. За тие кои се возат со велосипед 30 километри заработуваат повеќе, но тие се околу 11 отсто, пренесува „Блиц“.
фото freepic