Lifestyle
ШТО МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА БЕТА И ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА?
25.01.2025
Од 1 јануари годинава почнува периодот на генерацијата Бета, во која ќе припаѓаат лицата родени од 2025 до 2039 година. Ова е генерацијата која ќе живее во 21 век и која ќе има реален пристап со вештачката интелегенција.
- Тоа е разликата со припадниците од генерацијата Алфа и генерацијата Бета. Луѓето од Алфа генерацијата ги користат придобивките од дигиталното време, социјалните мрежи и интернетот. Фокусот во Бета генерацијата ќе биде кон вештачката интелегенција, вели Смиљана Грујиќ, психолог и психотерапевт во разговор за „Еуроњуз“.
Според неа, сега не можеме да знаеме што ќе им донесе вештачката интелегенција на новата генерација, но секако тоа ќе отвори многу предизвици за родителите. Исто како што денеска имаат предизвици и во однос на користењето на социјалните мрежи, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic