Lifestyle

МЛАДИТЕ ПОВЕЌЕ КОРИСТАТ БОЛЕДУВАЊЕ ПОРАДИ МЕНТАЛНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ!

26.01.2025

Минатата година, 35 отсто од лицата на возраст од 18-24 години во Велика Британија земале боледување за да се справат со притисокот или анксиозноста, покажа истражувањето во Англија.

Лицата  под 25 години имаат поголема веројатност да земат боледување поради ментални здравствени причини од која било друга возрасна група.

Од добротворната организација Mental Health UK  наведуваат дека податоците од истражувањето ја истакнуваат генерациската поделба во справувањето со животните стресови и притисоци.

Девет од десет вработени од сите возрасти пријавиле дека имале знаци на стрес, но помладите луѓе се повеќе подложни кон исцрпеност. Стапката на изложеност на стрес кај луѓето на возраст од 25 до 34 години изнесува 29 проценти, покажуваат истражувањата.

За лицата на возраст од 35 до 44 години, стапката е  25 проценти, а за оние над 45 години беше 14 проценти. Стапката за лицата над 55 години е десет проценти.

- Младите луѓе се изложени на најголем ризик од стрес на работното место. Јазот во генерациите се зголемува и работодавачите ризикуваат да ја загубат најновата генерација работници, вели експертот за ментално здравје Брајан Дау, пренесува „Бизлаив“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО