Општество

Едукативна трибина по повод месецот посветен на борба против ракот на грлото на матката

28.01.2025

Во рамки на одбележувањето на Светскиот месец за подигнување на свесноста за рак на грло на матка денеска во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје ќе се одржи едукативна трибина.

На трибината, како што соопштија организаторите, ќе се зборува за превенцијата, дијагностиката и третманот на ова заболување, а ќе биде споделено и искуство од родител во однос на ХПВ вакцинацијата.

Ракот на грлото на матката е еден од најчестите и најпревентабилни видови на рак кај жените. Согласно податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во земјава секоја година се дијагностицираат околу 170 нови случаи, а бројот на смртни случаи изнесува 2,9 на 100.000 жени, или во просек 52 починати жени во овој период.

- По една жена умира од рак на грло на матка на секои две минути...и секоја од нив е трагедија, а можеме да ја превенираме, вели д-р Тедрос Адханам Гебреиесус, генерален директор на СЗО, објави МИА.


 

 фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО