Општество
Проекција на пет краткометражни филма од македонска продукција во Кинотека
28.01.2025
Во Кинотека со почеток во 19 часот ќе се одржи проекција на пет краткометражни филма од најновата македонска продукција, реализирани со поддршка од Агенцијата за филм.
Ќе се прикажат филмовите „Амен“ на Ана Марија Јанковиќ, „BUG“ на Филип Момировски, „Прошетка“ на Елеонора Венинова, „Турбо-Нет“ на Надежда Панова и „Тага“ на Тина Величковиќ. Проекцијата ќе биде проследена со панел дискусија.
Филмовите се дел од зимското издание на фестивалот „Манаки“, односно програмата Мак-Про или Македонско ќошe, која од технички причини, не се одржа за време на ланскиот фестивал.
Извор/фото МИА