Lifestyle

ИСТРАЖУВАЊЕ: ЗА РАБОТНИЦИТЕ ПЛАТАТА ПОВЕЌЕ НЕ Е (ПО)ВАЖНА

28.01.2025

Рамнотежата помеѓу работата и животот е сè поважна за работниците ширум светот.  Овој фактор  ја надмина и „важноста“ на платата, која во претходниот период беше примарна за доброто расположение на работното место,   покажува истражувањето на холандската меѓународна компанија за вработување Рандстад.

Рамнотежата помеѓу работата и животот беше најважниот фактор за 83 отсто од 26.000 анкетирани работници во 35 земји.  Со ист процент на важност беше  истакната безбедноста на работата, додека 82 отсто од испитаниците ја рангираа платата како главен приоритет, пренесува CNBC.

За прв пат во 22 години истражување, работниците се изјаснија за тоа дека рамнотежата помеѓу работата и животот им е поважна од платата, што укажува на тоа дека пазарот на труд се променил по пандемијата на коронавирус.

Речиси половина од испитаниците, поточно 45 отсто, изјавиле дека веќе побарале подобри услови за работа, додека 31 отсто од анкетираните ја напуштиле работата која не нуди доволно флексибилна работа.

- Работата денес е повеќе од платата, а талентите ширум светот бараат работни места кои се усогласени со нивните лични вредности, аспирации и околности, рече извршниот директор  Сандер ван Норенде.

Балансот помеѓу работата и животот е најважен за најмладите работници кои припаѓаат на таканаречената генерација Z, но и за испитаниците кои се над 61 година и се при крај на својата кариера.

Работниците нема да му бидат лојални на својот работодавец ако чувствуваат дека не припаѓаат на некоја организација. Повеќе од половина од испитаниците, 55 отсто, се подготвени да ја напуштат работата поради оваа причина, што е значително зголемување од минатогодишните 37 отсто, се наведува во извештајот од истражувањето, пренесува Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО