Lifestyle

ТРИТЕ ЗЛАТНИ ПРАВИЛА НА ИТАЛИЈАНКИТЕ ВО ИЗБОРОТ НА ОБЛЕКАТА

05.02.2025

Италијанките се препознатливи како едни од најубаво облечените жени во светот, кои редовно ги следат модните трендови. Жените во Италија во изборот на сопствениот стил на облекување се раководат од трите златни правила при изборот на облеката. 

1.Жените во Италија се облекуваат и за себе и за другите. Ова е првото правило  за италијанските жени, кои секогаш сакаат да остават добар впечаток кај другите и затоа им е важно да бидат добро облечени. За нив добриот избор на гардеробата значи и почитување кон другите луѓе.

Грижата за сопствениот изглед е дел од италијанската култура. Италијанкaта на опуштено градско кафе со пријателката нема да дојде во тренерки и патики. Ова не значи дека таа ќе биде облечена со скапа и брендирана облека. Но, надворешниот стајлинг знаат да го изберат во комбинација од вообичаени парчиња облека во зависност од поводот и местото на средбата со другите лица.   

2. Водат сметка за кројот на облеката 

Италијанките нема да се облечат во предолги панталони или пректатко сако. Добриот клуч за добро облекување е секоја облека на себе да биде според нивната фигура.  Тие не се премногу љубители на трендовски предимензионирани облеки во кои се губи линијата на телото, како и на претерано тесни панталони и сл. 

3. Обувките и чантите се главниот елемент на секоја комбинација 

Во својот плакар Италијанките секогаш имаат класични модерни чевли и чанти, кои можат да се комбинираат во најразлични стајлинзи, од едноставен до екстравагантен изглед, пренесува „Екапија“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО