Lifestyle
ГЕРМАНКА ВО ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА ДОЖИВЕАЛА ПАРИСКИ СИНДРОМ!
07.02.2025
Парискиот синдром е термин кој во туризмот често се користи за да се опише посебна состојба на разочарување на туристот при посетата на некоја посакувана дестинација. Ова чувство го имала и една Германка, која била разочарана од престојот во градот и во хотелот во француската престолнина.
Некои од туристите пред посетата на Градот на светлината тргнуваат со големи очекувања, но кога ќе пристигнат во Париз се соочуваат со реалната слика односно со отпад и нечистотија во некои делови од градот.
Туристката од Германија своето „разочарување“ од престојувањето во градот го споделила на социјалните мрежи. Снимката на која се прикажани душеци на подот од хотелските простории и голема количина на стар мебел и отпад, ја виделе над десет милиони луѓе.
Парискиот синдром понекогаш кај туристите е толку изразен, што при посетата на градот доживуваат физичка мачнина, забрзано работење на срцето... Некои од туристите се разочаруваат од посетата поради долгото планирање на патувањето на посакуваната дестинација. Овие промени кај посетителите на Париз е забележана прво кај туристите од Јапонија, кои се соочуваат со реалноста која е поинаква од нивната перцепција пред патувањето, пренесува „Блиц“.
фото freepic