Lifestyle

ГРАЃАНИТЕ НА ЦИРИХ ГЛАСАА ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ГРАДСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ

Локалните парламентарци во Цирих нема да добијат зголемување на платите, откако  на вчерашниот референдум 53,2 отсто од гласачите во градот гласаа против планот.

Вкупно 45.350 жители на Цирих гласале против зголемувањето на платите, додека 39.881 гласале за. Iзлезноста nа референдумот  беше 36,7%.

Според новата регулатива за наградување, пратениците сакаа да ја зголемат годишната плата од просечните 14.960 евра на 26.200 евра. 

Новата регулатива предвидуваше 125 пратеници да добиваат основен паушал од 940 евра месечно, наместо претходниот месечен износ за трошоци од 245 евра. Дополнително, тие би биле обештетени со 1,13 евра за секоја минута присуство на седница на Советот на Цирих, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано