Lifestyle

KOJA E „НАЈРОМАНТИЧНА“ МЕТРОПОЛА ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ: ЗАГРЕБ, ЛОНДОН, ПАРИЗ…?

За Денот на вљубените годинава цвеќарниците во Загреб забележале дури 12,3 пати повеќе трансакции отколку во просечен ден, што е најдобар резултат меѓу сите анализирани европски метрополи.

Загреб се покажа како најромантичната европска престолнина, покажуваат податоците на Visa, кои ги „броеле“ минатогодишните податоци за купување цвеќе на Денот на вљубените. Во 2024 година  загрепските цвеќарници забележаа дури 12,3 пати повеќе трансакции отколку во просечниот ден, што е најдобар резултат меѓу сите анализирани европски метрополи, велат од компанијата.

Анализата на податоците за дигиталните плаќања во цвеќарниците, спроведена од Visa на 14 февруари 2024 година, покажа значителни разлики меѓу европските метрополи. Братислава  е втора со 9,9 пати повеќе трансакции, додека на трето место е Варшава со 8,8 пати повеќе во набавките на Денот на вљубените.

Париз и Берлин забележаа значително поскромни резултати, се наведува во извештајот. Важно е да се напомене дека овие податоци се однесуваат на плаќањата со Visa картичка и односот на купувањата на Денот на вљубените и просечниот ден. Француската престолнина имала само 4,6 пати повеќе трансакции од вообичаеното, што го сместила на последното 14 место меѓу анализираните градови, додека Берлин забележал пет пати повеќе набавки.

Од другите големи европски престолнини, Лондон забележал 8,6 пати повеќе трансакции, додека Рим имал 8,7 пати повеќе продажби на цвеќе отколку на просечен ден. На средината на  листата се градови како Прага со 6,2 и Мадрид со 5,5 пати повеќе трансакции кога станува збор за плаќањата со Visa картички, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано