Lifestyle
САЈБЕР-КРИМИНАЛЦИТЕ ПРИ ИЗМАМИ КОРИСТАТ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
17.02.2025
Минатата година приходите од крипто измамите достигнаа рекордно ниво поради порастот на таканаречените „романтични измами“ , но и поради тоа што сајбер-криминалците користат вештачка интелигенција и стануваат сè поорганизирани, предупредуваат експертите.
Во извештајот на американска аналитичка компанија се наведува дека измамите преку „паричниците“ на криптовалути во 2024 година достигнале 9,9 милијарди долари. Се очекува таа сума да порасне на рекордни 12,4 милијарди долари. Годишните проценки за сајбер измамите се зголемија во просек за 24 проценти помеѓу поединечните периоди на известување од 2020 година.
Главната причина за растот на приходите од измами е порастот на „романтичните измами“ во кои измамниците градат врска со жртвите преку социјалните медиуми или апликациите за запознавање, со цел да ги намамат во лажна инвестициска можност. Во 2024 година, приходите од овие измами се зголемија за речиси 40 проценти на годишно ниво, додека бројот на плаќања на лажни сметки се зголеми за речиси 210 проценти во истиот период, се вели во анализата. Компанијата истакнува дека разликата во стапките на раст покажува проширување на базата на жртви, каде што измамниците се насочуваат на поголем број жртви кои депонираат помали суми, пренесува CNBC.
Растот на кибер измамите се должи и на проширување на употребата на генеративната вештачка интелигенција за целите на крипто измама, каде што измамниците користат вештачка интелигенција за да имитираат други луѓе или да генерираат убедлива содржина за да ги измамат жртвите да инвестираат пари во лажни инвестиции, пренесува НИН.
фото freepic