Бизнис

Стрезовски: Технологијата како подем: бидејќи иднината припаѓа на паметните градители

Градежништво - ДИНАМИЧЕН СЕКТОР СО ИДНИНА ПОЛНA СО МОЖНОСТИ

Економија и бизнис | печатено издание | 01 февруари 2025г.

Градежништвото, како традиционално фокусирано на физичката сила, сега се наоѓа во технолошка револуција. Иднината на оваа индустрија лежи во паметното користење на технологијата – информациско моделирање згради (Building Information Modeling [BIM]), управување со податоци во облак, па дури и роботика и вештачка интелигенција. Дали Македонија може да стане дел од оваа револуција? Да, и тоа преку поттикнување на дигиталните платформи и технологијата за управување со проекти кои ќе ја подобрат транспарентноста, ќе ги намалат трошоците и ќе ја зголемат ефикасноста на градбите. Ова би довело до паметни градови со подобра инфраструктура и услови за живот, кои се прилагодливи на идните промени. Со брзиот напредок на технологијата, градежништвото може да ги искористи предностите на дигиталните платформи и на напредните технологии за значително подобрување на ефикасноста и на намалување на трошоците. Воведувањето на технологии како БИМ, дронови за мониторинг на проектите и вештачка интелигенција за оптимизација на процесите го прават градежништвото не само модерно туку и поефикасно. Во Македонија, неколку компании веќе почнуваат да го интегрираат БИМ со што се зголемува прецизноста во планирањето и намалувањето на можни грешки. Оваа технолошка еволуција е клучна за остварување на побрз и на поекономичен развој каде што секоја инвестиција се искористува до максимум.
Во време кога технологијата е клучот за напредок, македонските градежни компании се соочуваат со нови можности. Воведувањето на БИМ-технологијата, управувањето со проекти преку облак, па дури и дронови за мониторинг не е само тренд – тоа е основа за секој проект. Во Македонија, користењето на овие технологии значи дека градежните проекти можат да бидат изведени со поголема прецизност, со пониски трошоци и со минимално губење на ресурси. Со дигитална револуција во градежништвото, иднината припаѓа на оние кои ќе успеат да се адаптираат и токму тие компании ќе бидат оние што ќе го остават својот печат на секој завршен проект.

ПРЕПОРАЧАНО