Бизнис
ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е СЕРИОЗНО ЗАСЕГНАТА ОД ЦАРИНСКАТА ВОЈНА СО САД
17.02.2025
Германската економија сериозно е загрозена од евентуланите царини на американскиот претседател Доналд Трамп. Германија како извозно ориентирана земја би се соочила со „значителни ризици за економскиот раст“, доколку се исполнат најавите за воведување на дополнителни американски царини, изјави Јоаким Нагел, претседателот на Бундес банка.
Централната банка прогнозира дека германската економија во 2027 година може да се намали за 1,5 процентен поен, како последица на очекуваната трговска војна со најголемниот трговски партнер САД.
Американските царини се сметаат за најголем ризик за германската економија, која тешко се опоравува по здравствената и енергетската криза.
Процените на централната банка на Германија се врз основа на „ветувањата“ за воведување на дополнителни царини за кинескиот увоз за 60 отсто и царини од 10 отсто за производите од Германија и другите земји. Исто така, се претпоставува дека и Европската Унија ќе воведе реципрочни царински стапки за американскиот увоз, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic