Lifestyle

СЕЛО ДАВА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА „ИДИЛИЧЕН“ ЖИВОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА!

Албинен, идилично село кое се наоѓа на 1.300 метри надморска висина  во швајцарските Алпи, нуди примамлива финансиска помош за да привлече  нови жители.  Локалните власти одлучија да го спречат демографскиот пад и нуди субвенција од 25.000 швајцарски франци за секое возрасно лице помладо од 45 години, 50.000 франци за парови и дополнителни 10.000 франци за секое дете.

Условите за стекнување на овие бенефиции се: новите жители мораат да купат или изградат имот во вредност од најмалку 200.000 франци, да се обврзат дека ќе живеат во селото најмалку десет години и потенцијалните жители да стекнат швајцарско државјанство.

Албинен се наоѓа во жипописната долина на Рона, во близина на популарни скијачки патеки и термални извори, пренесува „Блиц“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано