Lifestyle
ИСТРАЖУВАЊЕ: ДАЛИ РОДИТЕЛИТЕ ФАВОРИЗИРААТ НЕКОЕ ДЕТЕ?
18.02.2025
Можно ли е родителите да имаат омилени деца? Иако повеќето родители тврдат дека подеднакво ги сакаат своите деца, науката укажува дека често има суптилна пристрасност кон едно од децата. Потврден одговор на ова прашање дала и новата студија на Америкaнското здружение на психолози.
Таквото родителско фаворизирање може да има позитивни и негативни последици на семејната динамика. Во посочената студија биле анализирани податоците на 19.469 учесници во спроведените анкети, кои покажуваат дека родителите имаат тенденција да ги фаворизираат децата кои се посовесни и поодговорни. Овие деца даваат впечаток дека се позрели, што ги прави „природен избор“ за родителската наклонетост. Родителите тоа го манифестираат на различни начини: преку комуникацијата, времето односно вниманието кое се посветува на некое дете, финансиската поддршка и до начините на контрола на одредени постапки на децата.
Додека омиленото дете може да ужива повеќе поддршка и внимание, истражувачите предупредуваат на последиците што овој третман може да го има врз другите деца. Обесправените деца често имаат полошо ментално здравје, чувство на инфериорност и затегнати семејни односи.
Експертите ги советуваат родителите да станат свесни за нивната интеракција со секое дете. Праведниот и еднаков третман, без разлика на личноста или одговорностите на децата, може да помогне да се зачуваат хармонични семејни односи, пренесува „Индекс.хр“.
фото freepic