Lifestyle
ПАТНИЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ТРОШАТ НА ВЕЛНЕС ТУРИЗМОТ
20.02.2025
Глобалната велнес туристичка индустрија продолжува да расте со многу брзо темпо. Се предвидува дека ќе вреди околу 1,35 милијарди долари до 2028 година, според податоците на Статиста.
Во 2022 година вредноста на глобалниот велнес туризам изнесувала повеќе од 637 милијарди долари.
Овој вид на туризам сега е четвртиот најголем сегмент од целокупната велнес индустрија. Пред него се лична нега и убавина, исхрана и слабеење и физичка активност.
Сè поголем број патници се подготвени да потрошат повеќе и сакаат да откријат уникатни велнес одморалишта. Некои патници сакаат да ги вклучат своите воспоставени велнес навики во нивните планови за патување. Други сакаат да се фокусираат на своето здравје.
Велнес патувањата станаа популарни не само меѓу индивидуалните патници, туку и меѓу корпоративните патувања во кои се вклучени велнес елементи во собирите на вработените, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic