Lifestyle

ЕВРОПА „СТАРЕЕ“, НАЈМНОГУ ОСТАРЕЛО НАСЕЛЕНИЕТО ВО ДВЕ МЕДИТЕРАНСКИ ЗЕМЈИ

Демографските промени укажуваат на растечки тренд на стареење на населението во Европската Унија, просечната возраст е зголемена за повеќе од две години од 2014 година.  Грција и Италија се меѓу најбрзо старечките општества, покажува истражувањето на Евростат.

Просечната возраст на населението во Европската Унија достигна 44,7 години на 1 јануари 2024 година. Тоа значи дека половина од граѓаните на ЕУ се постари, а половина се помлади од оваа возраст. Во однос на 2014 година, кога просечната возраст беше 42,5 години, е забележан пораст од 2,2 години.

Најголем пораст на средната возраст од 2014 година е забележан во Грција, Италија, Португалија и Словачка, каде населението е во просек четири години постаро.

Малта и Германија се единствените земји каде средната возраст е благо намалена, што делумно се припишува на миграциските текови и повисокиот наталитет.

Податоците покажуваат дека има разлика во структурата на домашното и мигрантското население. Просечната возраст на граѓаните родени во ЕУ е 45,1 година, додека таа е нешто пониска за жителите родени во странство и изнесува 43,1 година. Странските државјани се доминантно застапени во работната возрасна група од 20 до 54 години, што го забавува темпото на стареење на европското население, пренесува „Бизлаив“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано