Lifestyle
ПОЧЕСТО НАРАЧУВААТ ВОДА МЕСТО ВИНО, ГЕРМАНЦИТЕ ШТЕДАТ ВО РЕСТОРАНИ!
23.02.2025
Цените во угостителските објекти во последните години се во постојан раст и посетата ресторани за германските граѓани во претставува мал луксуз. Тие што одлучуваат да престојуваат во ресторан се однесуваат многу внимателно при изборот на тоа што ќе нарачаат. Германците се повеќе штедат на пијалок и почесто нарачуваат вода место вино, што предизвикува незадоволство кај угостителите.
Арне Анкер, сопственик на угостителски објект во Берлин, во изјава за „Фокус“, вели дека на овој начин тешко можат да го одржат бизнисот, бидејќи значителен приход се остварува од продажбата на пијалок.
Роналд Еренс, угостител од Минхен, нагласува дека гостите прво ја гледаат цената пред да одлучат што ќе нарачаат: пиво, вино или вода. Откако ја зголемил цената на шприцерот за едно евро, продажбата се намалила за 30 отсто.
Германските угостители се жалат и на укинувањето на пониската стапка на ДДВ. Во текот на пандемијата, германската влада привремено го намали ДДВ од 19 на седум отсто. Кон крајот на 2023 година стапката беше вратена. На овој начин еден ресторан губи околу 4.500 евра месечно.
фото freepic