Lifestyle

ЛУЃЕТО СЕ МАЛЦИНСТВО ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ, ДОМИНИРААТ БОТОВИ И АЛГОРИТМИ!

Од околу 5 милијарди корисници на интернет,  што е приближно 63% од светската популација, луѓето сочинуваат само 38,5% од вкупниот интернет сообраќај. Останатиот дел од  61,5%, е генериран од нечовечки ентитети, вклучувајќи ботови за пребарување, алатки за индексирање, софтвер за рударење на криптовалути, хакери и други автоматизирани процеси кои ја симулираат човечка активност, покажуваат истражувањата на индустријалецот Ананд Махиндра, кој е познат по споделување на интеренет статистика со која покажува дека луѓето се малцинство во дигиталниот свет.

Овие податоци дополнително го потврдуваат истражувањето кое укажува на брзиот раст на вештачката интелигенција и автоматизираните системи на интернет. Според извештајот на Imperva, бројот на ботови расте секоја година, а најнапредните од нив дури можат да го имитираат човечкото однесување и да ги заобиколат безбедносните системи.

Ваквите трендови покренуваат важни прашања за безбедноста, приватноста и доверливоста на информациите на интернет, бидејќи голем дел од дигиталните активности не се резултат на човечка интеракција, туку повеќе алгоритамски процеси кои го обликуваат начинот на кој пребаруваме и  комуницираме на интернет, пренесува „Дневник“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано