Lifestyle
СЕКОЈ ГОСТИН ПЛАЌА ПО 20 ЕВРА ЗА ДОМАШНО ДРУЖЕЊЕ! ЗАНИМЛИВА БИЗНИС ИДЕЈА НА БРАЧЕН ПАР
28.02.2025
Еден брачен пар почнал да ги наплатува посетите на пријателите, а нивниот финансиски систем се состои во тоа што секој гостин треба да плати по 20 евра за една посета. Цената за пријателската средба се состои од три ставки на трошоци: 10 евра за храна, пет евра за пијалок и пет евра за користење на тоалетот на домаќините!
Нивниот начин на пресметувањето на трошоците за посета на гостите предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Мислењата на граѓаните се поделени: едни ја подржуваат ваквата бизнис идеја, а други сметаат дека гостопримството не треба да се наплатува, пренесува „Телеграф“.
- Мотивацијата за оваа необична одлука е многу практична. Го применуваме овој начин за да избегнеме постојаното „гостинско“ позајмување за да можеме почесто да се дружиме без финансиски притисок. Правилото за плаќање важи во двете насоки. Ние плаќаме кога одиме на гости кај пријатели или роднини. Тогаш важи истата тарифа, објаснуваат домаќините.
Идејата се покажа како ефикасна по неколку остварени взаемни посети. Пријателите сега можат да разговараат послободно без да го поставуваат прашањето околу трошоците. Со овој систем гостите стануваат свесни за трошоците на домаќините, а тие можат нешто и да се „заработат“, стои во видеото кое е објавено на социјалните мрежи, пренесува „Бизпортал“.
фото freepic