Бизнис

ЗГОЛЕМЕН ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ ВО САД, ВРАБОТУВАЊА ПОД ОЧЕКУВАЊАТА, во првите месеци од вториот мандат на Доналд Трамп

07.03.2025

Трговскиот дефицит на САД се зголеми за 34 отсто во јануари на 131,4 милијарди долари во однос на декември, што е највисоко ниво од 1992 година.

Според аналитичарите, ова е резултат на големиот пораст на увозот во пресрет на построгите царински политики на претседателот Доналд Трамп, пренесува агенцијата „Мина“.

Увозот во САД  во јануари е зголемен за десет отсто во однос на декември, на 401,2 милијарди долари, додека извозот е зголемен за 1,2 отсто, на 269,8 милијарди долари, објави американското Министерство за трговија.

Американските увозници решија да ги зголемат купувањата во странство и да ги зголемат залихите по изборната победа на републиканецот Трамп, кој најави зголемување на царините за време на кампањата. Увозот од Канада, според податоците на канадската влада порасна за 7,5 отсто во јануари, а трговскиот суфицит на Канада со јужниот сосед порасна на 10 милијарди долари.

Американската економија додаде 151.000 нови работни места во февруари, што е под очекуваното, бидејќи расте загриженоста за влијанието на агресивната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Податоците објавени од Бирото за статистика на трудот (BLS) во петокот покажаа дека бројот на нови работни места е помал од 160.000 прогнозирани од економистите во анкетата на „Ројтерс“.Стапката на невработеност во февруари изнесуваше 4,1 отсто, додека аналитичарите очекуваа таа да остане стабилна на четири отсто, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО