Бизнис
ЖЕНИТЕ ВО ЕУ НЕДОВОЛНО ЗАСТАПЕНИ НА МЕНАЏЕРСКИ ПОЗИЦИИ
07.03.2025
Европската Унија имаше 3,7 милиони жени на раководни позиции во 2023 година, што е повеќе од 3,1 милиони во 2014 година, според Анкетата за работна сила на ЕУ.
Во 2023 година жените претставуваат речиси половина од сите вработени во ЕУ (46,4 проценти), но тие беа недоволно застапени меѓу менаџерите (34,8 проценти). Во 2014 година жените сочинувале 45,8 отсто од вработените и имале 31,8 отсто од раководните позиции.
Меѓу земјите на ЕУ, најголемо учество на жени на раководни позиции во 2023 година е забележан во Шведска (43,7 отсто), Летонија (42,9 отсто) и Полска (42,3 отсто), додека најниско учество имаат Луксембург (22,2 отсто), Хрватска (23,8 отсто) и Чешка (27,4 отсто).
Од 2014 година, вкупниот број на жени на раководни позиции во ЕУ се зголеми за 3,1 процентен поен и 20 земји забележаа раст. Кипар (10,5 п.п.), Малта (8,3 п.п.) и Шведска (6,5 п.п.) забележаа најголем скок, додека најголемо намалување на менаџерки има во Унгарија и Словенија (-2,6 п.п.) и Литванија (-1,7 п.п.), пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic