Бизнис

Предупредување од Тесла во непотпишано писмо: Царините може да му наштетат на бизнисот

15.03.2025

Производителот на електрични автомобили Тесла, кој е предводен од Илон Маск, објави дека царините против американските производители може да му наштетат на бизнисот на компанијата.

Од компанијата велат дека САД треба внимателно да ја разгледаат својата трговска политика, објави Си-Ен-Ен.

Претставниците на Тесла во писмото од 11 март до американскиот трговски претставник Џејмисон Грир напишаа дека „како американски производители и извозници, ве поттикнуваме да ги разгледате негативните влијанија на одредени предложени дејства преземени за да се решат нефер трговските практики“.

„Иако Тесла ја препознава и ја поддржува важноста на фер трговијата, проценката преземена од трговскиот претставник за потенцијалните активности за корекција на нелојалната трговија треба да го земе предвид и извозот од САД“, се вели во непотпишаното писмо.

Предупредуваат дека претходните тарифни акции на САД резултираа со непосредни реакции од целните земји, како што се зголемените тарифи за електричните возила увезени во тие земји.

Акциите на Тесла  беа во сериозен пад во последно време, „топејќи“ ги добивките направени во деновите по изборот на Доналд Трамп за претседател, чијшто Илон Маск е еден од неговите најголеми сојузници.

Според Европската асоцијација на производители на автомобили, продажбата на компанијата во Европа паднала за 45 отсто во јануари, пренесува Еуроњуз.

 

ПРЕПОРАЧАНО