Вести

ПРОТЕСТЕН МАРШ ВО СКОПЈЕ ПО ПОВОД 8 МАРТ

Во Скопје започнa протестниот марш по повод 8 Март.  Со протестниот марш се одбележува Меѓународен ден на жената, под мотото: Кога нема правда, жените ја плаќаат цената… и со сопствениот живот.

Со минута молк и пораки за правда започна денешниот традиционален Осмомартовски марш во Скопје, организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија. Маршот стартуваше точно напладне од паркот „Жена борец“ од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк и бистата на Вера Јоциќ.

Учесниците на маршот носеа транспаренти со пораката „Нема да нè снема“, како што велат организаторите, ја изразува непоколебливата и нужна борба на жените да опстојат во систем и општество што ја загрозуваат нивната безбедност, не ги штитат од насилници, ги забораваат, ги оставаат на маргините и ги бришат.

Учесниците на маршот истакнаа дека празничните честитки не се доволни, доколку паралелно не се работи на искоренување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и системската дискриминација.

Маршот се одржува во чест на борбата за женските права и историската традиција на 8 Март, кој симболизира солидарност и отпор во борбата за еднаквост и достоинствен живот, пренесува МИА.


 Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО