Бизнис

ДАНСКИ ТРГОВСКИ СИНЏИР ГИ „ОБЕЛЕЖУВА“ ПРОИЗВОДИТЕ ОД САД, ДАНЦИТЕ САКААТ ДА КУПУВААТ ЕВРОПСКИ ПРОИЗВОДИ

15.03.2025

Најголемиот трговски синџир во Данска почна да ги „обележува“ цените на производите со посебен симбол за да им олесни на своите клиенти да ги избегнуваат американските производи.

Имено, синџирот продавници под компанијата Sailing Group, кој работи и во Германија и Полска, од почетокот на овој месец става црна ѕвезда на цените на американските производи.

„Со ова го олеснуваме купувањето европски брендови“, напиша извршниот директор на Sailling Group, Андерс Хаг на социјалната мрежа LinkedIn.

Оваа данска холдинг групација има 1.700 продавници. Ставот на граѓаните во Данска за САД се сменија на полошо бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп повика на преземање на Гренланд, автономна данска територија, и за воведување царини за европските производи.

- Неодамна добивме бројни барања од клиенти кои сакаат да купат европски производи. На полиците на нашите продавници сепак ќе има стоки од целиот свет, а на купувачите останува да изберат. Новата ознака е услуга за клиентите кои сакаат европски производи, рече Хаг, кој се надева дека клиентите ќе го поздрават овој потег.

Во Шведска се формирани групи преку социјалните мрежи кои повикуваат на бојкот на стоката од САД. Причината за тоа е односот на администрацијата на Трамп кон Европа, пренесува Бизлаив.

ПРЕПОРАЧАНО