Lifestyle

ЛУЃЕТО СО ОДРЕДЕНИ ИМИЊА НЕ МОЖАТ ДА ДОБИЈАТ КРЕДИТ ВО ГЕРМАНИЈА!

Барањата од луѓе со одредени имиња се одбиваат значително почесто од другите, покажала неодамнешната анализа спроведена од порталот Verivox, врз основа на околу 200.000 барања за заем поднесени во банките во Германија.

Мажите по име Џастин, Леон или Нико се особено погодени. Во две од три барања банките не им го одобриле посакуваниот кредит. И имињата Мишел, Денис и Лаура не се многу подобри. Помалку од 40 проценти од сите барања за заем на луѓето со тие имиња добиваат понуда за финансирање.

Меѓутоа  мажите со имињата Френк, Стефан или Јенс речиси и да немаат проблем да добијат кредит. Две третини од сите барања за заем со овие имиња резултираат со позитивен одговор. Исто така, жените по име Кетрин, Сабина или Катја имаат натпросечни резултати во добивањето на кредитот од банка. Но, зошто е тоа така?

- Очигледно, името не игра улога во проценката на кредитната способност на банката. Разликите произлегуваат од старосната структура. Популарноста на одредени имиња е предмет на одредени модни трендови, а тие се менуваат со текот на времето“, вели Оливер Мајер, финансиски експерт и директор на Verivox.

Имињата Џастин, Леон и Денис беа особено популарни во последните две до три децении. Тоа значи дека луѓето со овие имиња денес се често под 30 години. Од друга страна, просечната возраст на Френк и Катрин е значително повисока, најчесто над 40 години.

При одобрувањето заеми, банките го оценуваат не само кредитниот рејтинг, туку и финансиската состојба.

- Сигурноста и месечните примања се клучни критериуми за проценка на кредитната способност, објаснува Мајер.

Помладите лица  често сè уште се во процесот на образование, имаат договори на определено време или заработуваат помалку од постарите вработени. Ова ја намалува веројатноста банката да го одобри заемот - и тоа се случува почесто кај луѓето со одредени имиња, пренесува Курир.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано