Вести
Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“
18.03.2025
Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда.
Во дискотеката „Пулс“ во Кочани рано утринава во неделата во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Меѓу загинатите се и членови на бендот „ДНК“ кој настапувал таа вечер.
Извор/фото МИА