Финансии / Банкарство
ФЕД ГИ ЗАДРЖА КАМАТНИТЕ СТАПКИ
19.03.2025
Американската централна банка (ФЕД) денеска очекувано ја задржа референтната каматна стапка во опсег од 4,25 до 4,50 отсто.
Креаторите на фискалната политика на САД посочија дека сè уште очекуваат трошоците за задолжување да се намалат за половина процентен поен до крајот на оваа година, во контекст на забавување на економскиот раст и падот на инфлацијата, објави Ројтерс.
Откако администрацијата на Доналд Трамп воведе дополнителни тарифи, претставниците на ФЕД ги истакнаа своите изгледи за инфлацијата, предвидувајќи дека таа ќе ја заврши годината со 2,7 отсто наспроти 2,5 отсто, како што се очекуваше во декември.
фото freepic