Lifestyle
ХОЛАНДИЈА ЗАБЕЛЕЖУВА РЕКОРДИ ВО КУЌИ ПОСКАПИ ОД МИЛИОН ЕВРА
16.04.2025
Во Холандија минатата година имало рекордни 223.000 куќи поскапи од еден милион евра, што е зголемување од 13,5 отсто во споредба пред една година и 243 отсто повеќе отколку во 2020 година, објави агенцијата Калкас во својот годишен преглед.
Овие скапи куќи и станови сè повеќе се градат сериски, а просечната вредност на ваквите згради во Холандија е околу 1,35 милиони евра, објави NL Times.
Од Агенцијата истакнуваат дека многу домови, кои долго време се активни на пазарот на недвижности, имале огромен пораст на цените во последните неколку години, пренесува Н1.
фото freepic